Orchid W/Pockets Хеланки
Моќен изглед, впечатлива боја. Вистински избор за сите девојки со силен карактер кои не прифаќаат изговори и не се плашат да се издвојат меѓу останатите.
Овие виолетово пастелни хеланки ќе посакате да ги имате веднаш во вашиот плакар.
Покрај тоа што ќе се чувствувате сигурно и самоуверено додека ги носите, ќе можете да уживате во нивната голема удобност и пријатност која ви ја нудат. Моделот е изработен од многу нежен материјал кој и овозможува на кожата да дише, пријатен е на допир и ви дава чувство на втора кожа.
Почуствувајте ја магијата на пастелните хеланки и заблескајте каде и да се појавите.
Хеланките се дизајнирани со нашиот добро познат висок струк и еластична лента на половината која совршено го израмнува абдоменот без да чувствувате притисок.
ЏЕБ ЗА ТЕЛЕФОН – Хеланките имаат џебови за вашиот смартфон и лесно складирање при активност. Престанете да се грижите каде да го сместите вашиот телефон додека вежбате.
Боја | Виолетова |
---|---|
Големина | S, M, L |
Вршиме достава преку карго низ цела Македонија. Потребно е да ни оставите ваши информации како Име, Презиме, Адреса, Град и Мобилен телефон. Можете да порачате директно преку нашата онлајн продавница или преку порака на нашите социјални мрежи. За нарачка преку Facebook кликнете овде, а преку Instagram кликнете овде. Доставата чини 130 денари и ја плаќате заедно со вкупната сума од нарачката.
Доколку имате прашања може да ја погледнете нашата страна со Често Поставувани Прашања или може да не контактирате преку нашата контакт страна.